Ние сега ја имаме досега најјасната слика за тоа колку е различен светот денес како резултат на климатските промени предизвикани од човекот. Најсеопфатниот извештај до денес за физичката наука за климатските промени беше објавен од Меѓувладиниот панел на Обединетите нации за климатски промени (IPCC).
Ингер Андерсен, извршен директор на Програмата за животна средина на Обединетите нации, изјави дека „Климатските промени се проблем што се тука и сега. Никој не е безбеден и се влошуваат многу побрзо и истите мораме да ги третираме како непосредна закана“. Екстремните настани – од поплави до топлотни бранови и суши – се влошија, се вели во извештајот во кратки црти.
IPCC се смета за водечки авторитет во областа на климатските науки и во неговиот нов извештај има повеќе од 230 автори од 66 земји низ целиот свет. Денешните наоди се ажурирање на сличен извештај во 2013 година и ги вклучуваат истражувањата кои тогаш биле објавени во научните списанија.
Истражувачите станаа многу подобри во проценувањето колку климатските промени влијаат на индивидуалните временски настани од 2013 година, кои прават голема разлика овој пат. На пример: во Јули, рекордно висок топлотен бран во севернозападниот и југозападниот дел на Канада во САД, ги искриви патиштата и уби стотици луѓе. За помалку од две недели, меѓународен тим истражувачи успеа да утврди дека екстремната топлина би била „практично невозможна“ без климатските промени.
Скоро насекаде во светот, надвор од поларните региони, е забележан пораст на екстремни горештини од 1950 година па до денес, според новиот извештај на IPCC. Во целиот свет, екстремните топлотни бранови сега се случуваат пет пати почесто отколку во периодот помеѓу 1850 и 1900 година, се вели во извештајот. Топлината, исто така, ја влошува сушата во некои региони во светот. Сушите кои претходно се случуваа само еднаш во деценија, сега се 70 проценти почести отколку во прединдустриската ера.
„Екстремните временски услови се случуваат со поголема фреквенција низ целата планета“, изјави – Паола Андреа Аријас Гомез, една од авторите на извештајот на IPCC, за време на брифингот со новинарите. „Сега можеме да со сигурност да кажеме дека овие промени се главно поттикнати од човечката активност“.
Без драстични активности за спречување на употребата на фосилни горива, работите може да се влошат. Водечките климатски експерти поставија за цел да го ограничат глобалното затоплување на не повеќе од 1,5 степени Целзиусови, со цел да избегнат некои од најлошите сценарија што би можеле да ги создадат климатските промени. Ние веќе достигнавме 1,1 степени Целзиусови затоплување, а извештајот вели дека би можеле да го достигнеме, па дури и да го надминеме тој страшен праг од 1,5 степени во следните неколку децении.
Авторите на извештајот наведуваат пет начини на кои тоа се очекува да се случи во иднина – екстремните настани ќе бидат уште поекстремни. Тие ќе бидат се почести и ќе се случуваат различни видови на катастрофи во исто време. Ќе се случат на места кои ќе не изненадат. Исто така, времето на овие катастрофи ќе биде непредвидливо.
Има и други видови на проблеми детално опишани во новиот извештај, вклучувајќи го и топењето на мразот, зголемување на нивото на морето и застрашувачки пресвртни точки што би можело да го забрзаат темпото на климатската криза. Исто така, постојат уште два клучни извештаи што се очекува да бидат објавени од страна на IPCC на почетокот на следната година: еден кој детално објаснува како сите овие промени на планетата ќе влијаат врз човечкиот живот каков што го знаеме и друг што ги прикажува потенцијалните решенија. Имено, овој извештај е единствениот што ќе биде подготвен на време за претстојната конференција на Обединетите нации за климата во Ноември, кога светските лидери се очекува да разговараат за зајакнување на обврските за зауздување на загадувањето на планетата.
Валери Масон-Делмот, ко-претседавач на работната група на IPCC одговорна за извештајот, во соопштение за печатот изјави дека „овој извештај е проверка на реалноста“. „Сега имаме многу појасна слика за минатото, сегашноста и иднината на климата, што е од суштинско значење да разбереме каде одиме, што може да направиме, и како да се подготвиме“.