Иако миењето на раце е докажано ефикасно во борбата против ширењето на болести и инфекции, физиката позади тоа ретко се изучува. Но, во „Физика на течности“ (Physics of Fluids), објавено од AIP Publishing, истражувачите од Hammond Consulting Limited опишуваат едноставен модел кој ги доловува клучните механики за миење раце.
Со симулирање на миење раце, тие ги проценија временските размери на кои честичките, како вирусите и бактериите, беа отстранети од рацете.
Математичкиот модел дејствува во две димензии, при што една бранова површина се движи покрај друга бранова површина и тенка фолија на течност помеѓу двете.
Честичките се заробени на грубите површини на раката во потенцијални бунари. Со други зборови, тие се на дното на долината, и за да избегаат, енергијата од протокот на вода мора да биде доволно силна за да ги подигне да излезат од долината.
Јачината на течноста зависи од брзината со која се движат рацете. Посилниот проток полесно ги отстранува честичките.
„Во основа, протокот ви кажува за силите врз честичките“, изјавил авторот Пол Хамонд. „Потоа можете да разберете како се движат честичките и да сфатите дали се отстранети“.
Тој го споредува процесот со чистење дамка на кошула: колку е побрзо движењето, толку е поголема веројатноста да излезе.
„Ако ги движите рацете премногу нежно и бавно, силата создадена од течноста не е доволно голема за да ја надмине силата што ја држи честичката надолу“, рече Хамонд.
Дури и кога честичките се отстранети, тој процес не е брз. Типичните упатства за миење раце, како оние од Центрите за контрола и превенција на болести, сугерираат рацете да бидат најмалку 20 секунди под чешмата.
Резултатите од моделот на Хамонд се согласуваат. Потребни се околу 20 секунди енергично движење за да се отстранат потенцијалните вируси и бактерии.
Моделот не ги зема предвид хемиските или биолошките процеси што се случуваат при употреба на сапун. Меѓутоа, познавањето на механизмите што физички ги отстрануваат честичките од рацете може да обезбеди индиции за формулирање на поефективни, еколошки сапуни.
„Во денешно време, треба да бидеме малку повнимателни за тоа што се случува со хемикалиите за миење кога тие ќе се спуштат по одводот и ќе навлезат во околината“, рече Хамонд.
Хамонд рече дека ова не е целата приказна за миење раце, но одговара на важни прашања и ги поставува темелите за идните истражувања.