1. Како да креирам профил?

        Кликнете на полето Најава/Регистрација, па потоа кликнете на полето Немате сеуште профил? Направте овде, со
што ќе ве одведе на прозорчето Регистрирај се каде што ќе треба да изберете тип
на профил и да пополните краток формулар за креирање на вашиот профил. Со
креирање на профил на Мој Простор вие добивате 60 бесплатни огласи секоја
година, кои треба да ги искористите во период од 365 денови.

2. Како да регистрирам веб продавница?

        Кликнете на полето Најава/Регистрација, па потоа кликнете на полето Немате сеуште профил? Направте овде, со
што ќе ве одведе на прозорчето Регистрирај се каде што ќе треба да изберете
Правно лице. Со пополнување на формуларот вие сте ја креирале вашата веб
продавницата. Подоцна во вашиот профил ќе мора да ги пополните и преостанатите
информации кои се означени со * .

3. Како да поставам оглас (производ)?

        Кликнете на полето Постави оглас, најпрво треба да бидете најавени, доколку не сте
најавени, ќе мора да се најавите со вашата е-маил адреса. Кога ќе се најавите,
ќе мора да ги пополните деталите за огласот кој сакате да го поставите, да ја одберете
категоријата на огласот, да одредите цена за производот и да поставите слики
или видео од истиот и да кликнете Зачувај оглас.

4. Како да продавам преку аукција?

        Кликнете на Постави оглас. Потоа во детали за
огласот, во тип на оглас одберете Аукција (Трае 7 дена), одберете ја
категоријата на производот, пополете ги деталите за огласот , поставете
“Почетна цена” со која ќе почне огласот и одредете ја “Резервираната цена” (ако
крајната цена е пониска од “Резервираната цена”, производот нема да се
продаде).

5. Кој е начинот на плаќање на пакетите и на промовираните огласи?

        Начинот на плаќање во моментов е само преку
банкарски налог ПП30.

6. Кој е начинот на плаќање и испорака на производите кои се нарачуваат од веб продавниците кои се регистрирани на Мој Простор?

        Моментално, начинот на плаќање и испорака на
производот е во договор со претпријатието кое го продава истото.

7. Како да означам оглас кој е продаден?

        Прво што треба да направите е да се најавите во
вашиот профил. Потоа одите во полето “Ваши огласи” каде што се сите ваши
поставени огласи, одбирате Измени оглас, го штиклирате полето “Означи како
продадено” и кликате на “Зачувај оглас”

8. Како да извршам промена или да избришам оглас?

        Се најавувате на вашиот профил. Одите во полето
“Ваши огласи”, потоа избирате кој оглас сакате да го измените или избришете и
во зависност од тоа што сакате да направите вие избирате “Измени оглас” или
“Избриши оглас”.

9. Како да го оценам огласувачот или продавницата?

        Корисникот има можност да го оцени Огласувачот или Продавница со тоа што при комуникација со истиот во системот за пораки после воспоставување на првата комуникација од двете страни ќе се појави црвено копче Оставете оцена, со што ќе можете да оставите рејтинг и коментар колку сте задоволни од огласувачот или продавницата.

10. Колку е времетраењето на огласите?

        Времетраењето на огласите кај физички лица е 1 година, а кај правни лица неограничено.