Вие сте на средината со конференцискиот повик од работа и одеднаш вашиот интернет се прекинува, оставајќи ве со збунет изглед на лицето.
Денес ни е потребно Интернет повеќе од било кога, го користиме секој ден, и за работни и за социјални прилики, па зошто понекогаш неочекува знае да се намали?
Дали е тоа поврзано со вашиот рутер или конекцијата е премногу оптоваена? Постојат многу причини зошто се случува тоа.
Овде ги составивме главните причини зошто вашиот интернет може да се прекине додека работите.
Брзината на интернетот
Брзината на Интернет многу влијае за тоа колку лесно пребарувате, па дури и со добар интернет провајдер брзината може неочекувано да се намали, предизвикувајќи целосно да го изгубите интернетот.
Вклучувањето тест за брзина е најдобриот начин да ја проверите брзината на Интернет за да утврдите дали е тоа проблемот.
WiFi рутер
Ако вашиот WIFI рутер е застарен или е стар повеќе од пет години, ова може да предизвика пад на вашиот интернет.
Ова е се случува затоа што рутерот користи застарен Firmware што не соработува со техничките стандарди на WIFI-то.
Ажурирајте го вашиот рутер ако ова е проблемот, и ако вашиот рутер е постар од 5 години.
Оштетени кабли
Постојат многу различни типови на интернет во домовите, кои доаѓаат со различни кабли за поврзување.
Ова се обично неколку кабли, а трите најчести кабли се коаксијален, телефонски и мрежен кабел.
Ако еден од каблите е оштетен, може да влијае на целиот систем, предизвикувајќи вашиот интернет постојано да се исклучува.
Проверете дали има оштетени кабли и заменете ги.
Оптоварена конекција
Кога одредена интернет линија е зафатена, може да предизвика пад на Интернетот.
Ова може да биде предизвикано од лоши временски услови, ако огромен број луѓе во истата област се на ист провајдер во исто време или ако вашиот дом е приклучен со различна технологија која се користи на ист WiFi.
Понекогаш може да има технички пречки на врската во областа, што исто така може да предизвика неочекувано прекинување на интернетот.
Што да направите доколку се соочувате со овие проблеми?
Ако се соочувате со било какви неочекувани проблеми со вашиот Интернет, оставајќи ве офлајн подолго време, овие неколку чекори ќе ви помогнат да утврдите од што е предизвикан проблемот и неколку брзи поправки кои можете да ги испробате.
- Ресетирајте го вашиот рутер, рестартирајте го лаптопот, компјутерот или паметниот телефон
- Доближете се поблиску до WiFi рутерот
- Исклучете WiFi на уредите кои во моментов не ви се потребни
- Проверете дали има пречки на WiFi-то преку апликација за анализирање на WiFi
- Контактирајте со вашиот Интернет провајдер, за да проверите дали има проблеми со Интернет во вашата област.