Примерок од Марс наменет да се користи за потрага на вонземски живот, мистериозно исчезнал од роверот “Упорност”.

Минатата недела, роверот ја започна една од најважните и најкомплицирани задачи: пробивајќи се во почвата на Марс за да земе примерок од под земја, со цел да го искористи за пронаоѓање на евентуален древен вонземски живот кој некогаш живеел таму.

Роверот успешно го спровел првиот дел од мисијата, оставајќи зад себе бушотина. Потоа требало да го собере каменот во цевка за примерок и да го складира.

Но, НАСА открила дека цевката за примерок е празна, нешто што според неа никогаш не се случило додека тоа го тестирале на Земјата.

„Процесот на земање примероци е автономен од почеток до крај“, кажала Џесика Самуелс, менаџерка на мисија на “Упорност” во лабораторијата на НАСА за млазен погон во Јужна Калифорнија, во изјавата.

„Еден од чекорите што се случува по поставување на сонда во цевката за собирање, е мерење на волуменот на примерокот. Сондата не наиде на очекуваниот отпор што би бил таму доколку примерок се наоѓа во внатрешноста на цевката “.

Во моментов инженерите работат да разберат каде може да е исчезнат примерокот и каде е згрешено. Кога ќе дознаат, тие ќе се обидат повторно да соберат уште материјал од површината на Марс.

„Првичното мислење е дека празната цевка најверојатно е резултат на тоа што карпата не реагира онака како што очекувавме за време на вадењето, а помалку се сомневаме на хардверски проблем со системот за земање примероци и кеширање“, рече Џенифер Троспер, проект менаџер за “Упорност” во JPL.

„Во текот на следните неколку дена, тимот ќе помине повеќе време во анализирање на податоците што ги има, а исто така ќе набави и дополнителни дијагностички податоци за да го поткрепи разбирањето на основната причина за празната цевка“.