Разликата меѓу оглас кој добива многу прашања и оглас кој никој не го гледа честопати лежи во неколку едноставни детали.

  1. Напишете јасен и конкретен наслов Избегнувајте општи наслови. Наместо „Продавам телефон”, пишувајте „Samsung Galaxy S23, 128GB, Crna, Скопје – 280€“.
  2. Сликајте при природна светлина Фотографијата е прво нешто што купувачот го гледа. Сликајте при дневна светлина, на чиста подлога, од повеќе агли.
  3. Бидете точни со цената Огласи без цена или со „По договор” добиваат помалку кликови. Истражете ги конкурентните огласи и поставете реална цена.
  4. Опишете ги и недостатоците Транспарентноста гради доверба. Доколку предметот има ситна гребнатинка или недостаток, напишете го – ова го намалува бројот на излишни прашања.
  5. Наведете ја локацијата Купувачите сакаат да знаат дали предметот е близу нив. Секогаш наведете град или населба.
  6. Одговарајте брзо Огласите со брз одговор добиваат повеќе доверба. Доколку не можете да одговорите веднаш, напишете ги работното време за контакт.
  7. Ажурирајте го огласот Доколку предметот не се продаде за неколку дена, ажурирајте ги фотографиите или описот. Свежите огласи добиваат поголема видливост.

Имате нешто за продажба? Огласот на mojprostor.mk е бесплатен и трае само неколку минути.