Со влезот на Stellantis, Peugeot заедно со Opel, се позиционираше на местото главен бренд на автомобили. Да биде во тек со оваа промена, Peugeot го претстави новото лого и идентитет на компанијата, единаесетти во нивната долга историја. Новото и освежено лого на лавот го претставува новиот визуелен идентитет на Peugeot, со акцент на минимализмот и елеганцијата. Новото лого ќе биде присутно на скоро сè што е поврзано со Peugeot, од неговото присуство на интернет, преку салоните на Peugeot, преку маркетингот, сè до социјалните мрежи и други места. Првиот автомобил со новото лого ќе биде новиот 308. Премиерата на новиот 308 не чека на 18 март, а со тоа и повторната премиера на новото лого.
